Како да сокриеме папка

Имате папки во компјутерот и не сакате никој што ќе седне после вас да ги види? Постои начин да ги скриете со финта.

papka1

На прво место, сменете го името на папката, за да изгледа како име на системска папка.

papka2

Потоа сменете ја иконата за да не личи на папка. За да го направите тоа, притиснете со десното копче на глушецот на папката, одберете Properties и во екранот кој ќе се појави, лоцирајте ја ознаката Customize.

papka33

Потоа одберете Change Icon во долниот дел на новиот екран. Ќе се појави листа со икони – изберете некоја што наликува на системски датотеки.

papka4

Конечно зачувајте ги промените со притискање на копчето Apply.

apply

Зошто некој би отворил нешто слично?

d

- Реклама -