Како изгледа да се најдете во центарот на торнадо?
Ужасни, но незаборавни впечатоци споделува снимател од Австралија кој пренесува видео во внатрешноста на виорот.
Видеото е снимено во Кeрнел, на 30 километри од централниот деловен реон на Сиднеј, минатата недела.
Човекот кој веднаш го прикачил видеото во социјалните мрежи, не само што не заборавил да ја вклучи камерата на телефонот во опасен момент, туку и активно ги коментирал случувањата на лице место.
Кернел бил прогласен за зона на стихијна катастрофа по ужасниот ураган. Месноста била удрена од град, кој заедно со ветровите со брзина до 200 км / ч ги натерала луѓето да ги напуштат своите домови.