Насилните видео игри промовираат соработка

видео игриПостои долга и повремено интензивна дебата за можната поврзаност помеѓу насилни видео игри и агресивност. Група истражувачи од Универзитетот од Гeтебoрг, Шведска сега се враќаат на почетокот на основата на оваа дискусија. Во новообјавена статија тие ја презентирале новата студија која покажала дека, повеќе од сè друго, за успех во насилните средини на видео игри е неопходна способност за соработка.


Истражувачите тврдат дека не само што учат да соработуваат туку играчите учат и да разбираат комплицирани контексти, да разберат како се подобруваат таленти и да мислат за причините и последиците на врската во играта. Противниците на ова тврдење се убедени дека игрите предизвикуваат насилно и агресивно однесување надвор од играта.

Истражувачката група од Гетеборг поминала стотици часа играјќи интернет видео игри. Тие се фокусирале на комплицирани игри исполнети со насилство и агресивна акција во која учесниците треба да се борат заедно и меѓу себе. „Ситуациите со кои се соочуваат играчите во игрите бараат софистицирана и добро-координирана соработка. Анализиравме какви карактеристики и знаење им се потребни на играчите за да постигнат успех“ изјавил Џонас Иварсон, еден од авторите на студијата.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Според студијата успешниот играч има стратешко и техничко знаење и добро чувство за време. Нечувствителните играчи, како и оние кои се однесуваат агресивно или емотивно, често имаат потешкотии. „Оваа врска помеѓу игрите и агресијата е базирана на идејата за трансфер, што значи дека знаењето добиено во одредена ситуација може да биде употребено во друг конткст. Целата идеја за трансфер е централна во истражување на образование веќе долго време.“

„Прашањето како да биде дизајнирана образовна ситуација за учениците да можат да го уботребат наученото во вистинскиот живот е многу тешко и не постои јасен одговор“ додал Иварсон. „Накратко, ја ставаме целата дебата за игри и насилство под знак прашалник, бидејќи не е базирана на вистински проблем туку на хипотетичко размислување.“ [Link between violent computer games and aggressiveness questioned]

- Реклама -