По 8 години суспензии за Блатер и Платини

platini

Утрово, Комитетот за Етика при ФИФА одлучи дека претседателите на ФИФА и УЕФА ќе се соочат со суспензии од по 8 години.

Имено, Сеп Блатер и Мишел Платини се обвинети за конфликт на интереси, нелојалност и мито.

Поконкретно, се работи за префрлање на сума од 2 милиони франци, од сметката на ФИФА без никаков пишан договор.

Со ова умираат надежите дека Платини ќе биде новиот претседател на ФИФА, а по сè изгледа дека ќе се менува и претседателот на УЕФА.

 

 

Прочитајте и:  УЕФА: Службена победа на Романија против Косово и казни за двете страни
- Реклама -