Идеме со малку архитектура од нашите омилени – зелените објекти.
Овој пат се работи за зелен СПА центар на архитектонската групација MIA Design Studio. Објектот се наоѓа во Виетнам и се одликува со оригинална архитектура и уникатни висечки градини.
Фасадата на зградата е изградена од решеткасти модули, врз кои се засадени прецизно одбрани растенија, сликовито искомбинирани со белите ѕидови на СПА центарот.
Вертикалната градина, освен што служи како ролетни на просториите, ги извршува функциите и на природна клима, пружајќи ги неопходната свежина и пријатен воздух.