Бомба во француски авион со 459 патници

_87305778_87305696[1]

Авион на „Ер Франс“, кој летал на линија Маврициус – Париз, принудно слетал на аеродромот во Момбаси, Кенија, бидејќи екипажот го известил капетанот дека има сомнителна направа во еден од тоалетите, за која постоеле сомневања дека е бомба. Откако добил дозвола за принудно слетување, авионот се приземјил, а сите патници се евакуирани.

Во меѓувреме, направата беше испратена на анализа кај Морнарицата и Директоратот за криминални истраги, при што и официјално се потврди дека се работи за бомба.

CWqlyeaWcAAhSb7[1]Боингот 777, со 459 патници и 14 членови на посадата, го напуштил Маврициус во 21 часот по локално време и требало да слета на аеродромот Шарл де Гол во Париз во 5 часот и 50 минути по локално време.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -