Најсофистициран и интересен објект за фотографирање е човекот. За да се создаде еден совршен портрет, фотографот зад објективот треба да ја избере вистинската атмосфера на позадината на соодветна светлина.
Дури и да го направи тоа, сепак, понекогаш фотографијата може и да не биде успешна поради недостатокот од спонтаност на моделот, па затоа веројатно, како и кај сите типови на одлична фотографија неопходно е да се улови вистинскиот момент.
Што е потребно за создавање на една магична фотографија? Фото галеријата во продолжение е најдобриот одговор на ова прашање. Кадрите што ќе ги видите се исполнети со деликатес и импресивна манифестација на фотографското мајсторство.
Уживајте.