Такса за чист воздух

Бакшиш – да, но такса за чист воздух – тоа веќе е премногу. Ако сепак веста се однесува на Кина, можеби е разбирливо.

Ресторан во источен кинески град им воведе такса за чист воздух на своите клиенти.

china-pollution_3526951b

Таксата е еквивалентна на околу 0.15 долари, за секој кој ќе одлучи да го посети локалот. Причината за ова е тоа што во ресторанот веќе се монтирани моќни филтри, чија што цел е да го прочистат воздухот максимално.

Веста брзо се рашири и властите му наредија на ресторанот да ја поништи “таксата за чист воздух”, вклучена во сметката на посетителите. Случајот предизвика дискусии на интернет, како многу корисници изразија подготвеност да ја платат предметната сума под услов да дишат чист воздух.

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД

Во 80 отсто од кинеските градови нивоата на загадување на воздухот се над дозволените. Секоја година во Кина умираат околу 4.000 луѓе поради загадувањето на воздухот, утврдуваат американските експерти. Околу 38 проценти од Кинезите дишат нездрав воздух според американски стандарди.

- Реклама -