18 декември, Меѓународен ден на мигрантите

Пред тринаесет години, Генералното собрание на ОН го прогласи  Меѓународниот ден на мигрантите, 18 декември .

На тој ден, уште 1990 година усвоена е Конвенцијата  за заштита на сите работници мигранти и за члениовите на нивните семејства.

dec

Според официјалните податоци на ОН, во светот има околу 200 милиони мигранти. Никогаш немало повеќе од оние кои живеат или престојуваат во земјите каде што не се родиле. Затоа, Меѓународниот ден на мигрантите од страна на Обединетите нации и на многу други меѓународни организации како и институции и невладини организации од целиот свет , овој датум се одбележува  преку организирање на улични акции, јавни расправи итн.

Секој ден се зголемува бројот на мигрантите како и бројот на оние кои ја напуштаат својата земја.Спротивно на погрешната перцепција, се повеќе се работи за мигранти со високо образование, за луѓе што поседуваат квалитетни работни вештини, но и за оние  кои се жртви на трговија, бегалци, баратели на азил и др. Миграциите се случуваат од различни причини, но секако, најголем е бројот на оние кои се мотивирани со желбата за подобри услови за живот, економски напредок, можностите за образование, подобри можности воопшто.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на мигрантите е одлична прилика за промоција на различни активности како и за јавен дијалог за нивните права кои се често загрозени, како во нивните земји  така и во земјите во кои доаѓаат.

- Реклама -