Прекин на наставата во Тетово поради загадениот воздух

Општина Тетово одлучи да ја прекине наставата во основните и средните училишта, како и наставата во градинките поради загадениот воздух.

tetovo

Градоначалничката Теута Арифи ја донела одлуката во консултација со Министерството за образование, со тоа што во меѓувреме општината ќе продолжи со спроведување на мерките за загаденоста.

Тетовските еколошки здруженија за утре најавија протести против загадувањето. Ќе има блокади на булеварите на трите главни влезови за во градот.

- Реклама -