Иако најверојатно нема опасност поврзана со оваа куќа – која содржи отвор со облик на инка во средината – има нешто вознемирувачко за Earth House на Нобухиро Тсукада.
Инспирацијата за дизајнот на оваа бетонска куќа била на клиентот кој, барајќи малку приватност во својот дом во Токио, сакал сите соби да имаат прозорци завртени кон централен двор.
Проблемот бил што дворот би бил премногу мал, па затоа бил создадена оваа инка и дворот бил поставен на вториот кат. Користењето на повеќе прозорци во дворот дозволува природно осветлување на внатрешноста, и уште поважно, комплетна приватност од соседите.