Брендон Вуд – нов играч на МЗТ (видео)

Управата на МЗТ Скопје во текот на денешниот ден ќе го комплетира трансферот на Брендон Вуд, талентираниот плејмејкер на Универзитетот Мичиген.

„Металците“ веќе извесно време преговараа со кошаркарот чиј идентитет го држеа во тајност, за денеска да биде обелоденето дека станува збор за Вуд, кошаркар што доаѓа во „Јане Сандански“ на барање на тренерот Александар Тодоров.

„Договорот денеска ќе биде потпишан од наша страна, по што ќе биде испратен во САД за да го потпише и кошаркарот, за трансферот да биде целосно комплетиран. Задоволни сме што успеавме да го договориме овој трансфер, Вуд е квалитетен кошаркар што доаѓа на барање на нашиот тренер Александар Тодоров, кој ги има гледано во живо неговите настапи во НЦАА лигата“ соопшти претседателот на МЗТ Скопје, Сашо Босилков.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

{youtube}R936FxRnXuA{/youtube}

Новиот кошаркар на македонскиот првак подеднакво добро се снаоѓа на позициите еден и два, па од него сигурно ќе се очекува да донесе уште поголема разноврсност во играта на МЗТ во регионалната АБА лига. „Металците“ во следниот период сигурно ќе ангажираат уште еден Американец и тоа на центарската позиција.

„Точно е дека сме во потрага и по квалитетен странски центар, но барем засега немаме конкретен играч со којшто преговараме. Во следниот период ќе се обидеме да го пополниме и ова место од тимот, за да составиме конкурентен тим за АБА лигата“ најави Босилков.

- Реклама -