Австралијката Кортни Барнет ќе ја запамети 2015-та како година во која изби на светската сцена, го издаде својот прв самостоен албум и доби номинација за “Греми” во категоријата најдобар млад изведувач.
Само што зад успесите на Кортни нема ништо случајно.
Критиката остана воодушевена од нејзиниот албум “Sometimes I Sit and Think, and Sometimes I Just Sit”, микс од рок и поп музика. Дваесет и седум годишната Кортни е многу добра и во пишувањето на текстови – таа ја поседува способноста да раскажува за мали нешта, но без да биде банална и површна.
Дали пее додека пие вино со пријателите во дневната соба, патува низ градските линии на Мелбурн или го опејува животот на кловновите, Кортни им дава длабочина на своите дела и ги тера фановите да ги запомнат нејзините музички парчиња.
Покрај тоа, младата пејачка има одлично чувство за хумор, често пати спакувано во успешна визуелна слика.
Инди-сцената е значајно збогатена со стилот на младата пејачка, која ги освојува сцените на алтернативните фестивали.
Не очекувајте наскоро да ја снема, бидејќи Кортни е најпријатното изненадување на годината.
Кортни Барнет е еден од најпознатите коментирани изведувачи, и тоа во жанр, каде што конкуренцијата е убиствено жестока
Тоа донекаде се должи на нејзината извонредна медиумска добродушност – таа ќе се согласи да даде интервју во живо дури и тогаш кога речиси пред пет минути станала од спиење и набрзина ја облекла вчерашната облека – црни фармерки со дупка на коленото и зелена јакна.
„Гардероберот не ми е импресивно голем”, се смее таа и разговара додека јаде чипс за појадок.
Во Австралија имаат ласкав однос кон својата “гламурозна нова рок-ѕвезда”, иако нејзината приказна е сосема обична.
Сега на врвот на бранот, некогаш – продавач на спортска облека
„Бев многу добра продавачка. Ако клиентите беа груби и очигледно богати, им го кажував она што сакаа да го слушнат. Но ако клиентите се нормални луѓе и разговараат за скромни викенд планови, тогаш бев навистина мила со нив. Ќе им кажев: “Не давајте 300 долари за овие патики, бидејќи ќе се скинат”. Мислев дека идеалната работа ќе ми биде по цел ден да пакувам кутии и да ги редам на полиците во складот ”, истакнува Кортни.
Продуцентот сепак ја прекинува – време е да се врати во студиото заедно со басистот Bones. Прекарот не е случаен, бидејќи со својата долга брада личи на човек од камено доба. Тој е бунтовник – задолжителен за секој рок бенд, додека Кортни е повеќе во улогата на избалансиран фронтмен.
Првата песна ја напишав на 12 години: “Се викам” Ти “, посветена е на некакво момче – веројатно може да им припадне на љубовните песни”, се сеќава Кортни и не крие дека во моментов има поинаква сексуална ориентација.
Од дете посетувала часови по балет – што е професија на нејзината мајка, а исто така и на тенис. Таа вели дека имала бурно детство во предградието на Австралија.
“Нашата куќа беше во внатрешноста, имаше високи дрвја насекаде и грмушки, таму си игравме со брат ми”, раскажува таа.
Во гимназијата се запознала со гитарата и започнала да свири рок. Таа вели дека црпела инпирација од Џими Хендрикс, Курт Кобејн и Дип Парпл.
На универзитетот, како студент по фотографија, преживува две разочарувачки години – боледува од тешка депресија и е хоспитализирана.
“Немаше конкретни причини за оваа состојба”, додава Кортни. Таа е исклучена од универзитетот и така добива можност да се посвети целосно на музиката.