Мисли за љубовта, мажите и убавината од Бриџит Бардо

Француската актерка и модел Бриџит Бардо е една од најпосакуваните жени на минатиот век.

Таа се раѓа во богато буржоаско семејство и уште како мала имала сè за кое што можела да сонува – лекции, балет, пијано, голема куќа со градина, послуга. Таа поседува и уште неколку важни работи – убаво лице, сексипил, харизма …

brigitte bardot

Уште пред да наполни 16 години, Бриџит се појавува на насловната страница на списанието “Ел”, благодарение на нејзината мајка која ја промовира нејзината кариера како модел. Тогаш е забележана од страна на францускиот режисер и продуцент Роџер Вадим, кој станува нејзин љубовник, а потоа и нејзин сопруг.

Зад себе Бриџит има неколку неуспешни бракови и еден син, одземен од неговиот татко. На 40 години таа завршува со кариерата во филмот, започнува да се занимава со заштита на животните и основа сопствена фондација, која се бори за нивните права.

Еве што вели Бриџит Бардо за љубовта, мажите, убавината …

1. “Сум била многу среќна, многу богата, многу убава, многу позната, но и многу несреќна.”

2. “Дали треба да има причина за да сакаш?”

3. “Светот е мал: на крајот на краиштата сите се стремат кон креветот.”

4. “Нема потешка работа од макотрпноста да изгледаш убаво од осум наутро до полноќ.”

5. “Најубавиот ден во мојот живот? Не знам, беше ноќ.”

1412183361708_Image_galleryImage_No_Merchandising_Editoria

6. “Најдобри се корисните подароци. Да речеме, јас му подарувам марамчиња, а тој на мене – капут.”

7. “Знам што е грев.”

8. “Подобро е да бидеш неверен, отколку да биде верен, без да го сакаш.”

9. “Јас сум курва – ниту повеќе, ниту помалку од секоја друга жена.”

10. “Зарем мислите дека кога навечер лежите сами во кревет, помислата дека ве сака половина свет, може да ве утеши? Половина свет е ништо.”

11. “Никогаш не правам ништо случајно.”

12. “Секоја љубов трае толку колку што заслужува.”

Bardot-in-Stripes-and-Cat-Eyes

13. “Не сметам дека лифтингот е витален за една жена. Дури и да добиете убаво лице, лузните на срцето и црните дамки во душата остануваат.”

14. “Тажно е да старееш, но убаво е да зрееш.”

15. “Бракот е договор чии што услови секојдневно се прегледуваат и потврдуваат одново.”

16. “Јас сум девојка од добро семејство и сум добро воспитана. Еден ден и го свртев грбот на оваа земја и станав боем.”

17. “Можат да ме нарекуваат грешница, но јас сум во хармонија со самата себе.”

18. “Ако секој маж кој ги гледа моите филмови, не одлучи дека сака да води љубов со мене, јас ќе бидам многу среќна.”

19. “Подобро стара отколку мртва.”

20. “Жените стануваат несреќни, кога се обидуваат да бидат слободни.”

Brigitte-Bardot_main_image_object

21. “Колку повиновна се чувствувам кон еден маж, толку повеќе внимание манифестирам кон него.”

22. “Додека имам љубов, никогаш не мислам.”

23. “Јас ги оставам пред да ме напуштат.”

24. “Ако не сте љубители на животните, не сте љубители на луѓето.”

25. “Им ги дадов убавината и младоста на мажите. Затоа планирам да им ги дадам мудроста и искуството на животните.”

54835eebc5715_-_mcx-brigitte-bardot-hair-10

- Реклама -