Скриените значења на најпознатите логоа

Ги гледаме логоата на познатите компании секој ден, но втората мисла е, кое е нивното значење?  Сепак, зад некои од нив се крие многу повеќе од очигледното.

Toyota

s1

Трите елипси всушност претставувале слики на три срца – едното на клиентот, второто на производот и третото на технолошкиот напредок.

Adidas

s2

Логото отсликува планина. Идејата е да потсетува на пречките кои секој од нас ги совладува во својот живот.

Audi

s3

Четирите круга ги претставуваат четирите компании кои го создаваат Audi во 1932 година – DKW, Horch, Wanderer и Audi.

Apple

s4

Загризаното јаболко е референца кон забранетиот плод во Библијата.

Mercedes-Benz

s5

Од компанијата очигледно се доста самоуверени – тие тврдат дека нивното лого ја потенцира доминацијата на Mercedes над земјата, морето и небото.

Google

s6

Две од боите на буквите се повторуваат. Тоа не е случајно. Креаторите на Google мислеле дека корисниците ќе очекуваат сите бои да бидат различни. Затоа повториле некои, па на тој начин сакале да покажат дека не се водени од традиционалните правила и мислења.

- Реклама -