Цената на убавината на жените – жирафи

Убавината отсекогаш била многу субјективен поим и тоа лесно може да се види ако се вратиме назад во историјата на човештвото.

Денеска ќе обрнеме внимание на традициите, секојдневниот живот и бизарните разбирања за убавина на племето “Падонг”. Иако на многу луѓе не им значи ништо ова име, жените од оваа заедница се познати во целиот свет како “жирафи”.

0664561001448882814_0

Племето “Падонг” живее во источна Бурма и неговите жители бројат околу 7.000 лица. Голем дел од жителите на племето емигрирале во Тајланд, каде жените заработуваат од туристичката љубопитност кон металните прстени, завиткани околу нивните вратови.

Уште како сосема мали, 5-годишните девојчиња ја добиваат првата спирала. Кога детето ќе порасне, таа се заменува со поголема. И така, додека една млада жена наполни 25 години и веќе и е време да се задоми, таа има 9 килограми украси, што е еквивалентно на 30-35 см должина на вратот. Се смета дека колку повеќе прстени има една жена, толку е побогата и пообезбедена, а тоа за возврат е гаранција за успешна венчавка. Се разбира, оваа своевидна убавина крие и доста непријатности – жените можат да пијат вода само со сламка, движењето им е отежнато и неизбалансирано, нивниот глас исто така се менува значително.

Не е многу јасно од каде започнал овој обичај, но постојат неколку хипотези за неговото појавување. Една од верзиите е дека своевремено накитот бил своевидна заштита од забите на тигрите кои често ги напаѓале селата во потрага по плен. Друга верзија покажува дека на овој начин мажите од племето ги “одбележувале” своите жени, за да не им ги украдат други племци.

зени

Како и кај секое друго затворено општество, и “Падонг” има свои карактеристични закони. Во населбите на племето ретко можат да се видат мажи, бидејќи тие речиси деноноќно ги обработуваат оризовите полиња или се на лов во џунглите. Жените пак се занимаваат со занаетчиство и ткаење, а поради големиот интерес за нив занаетчиството и туризмот се главен извор на приход. Според обичаите на племето, ако жена го изневери мажот, синџирите од вратот се сечат и одеднаш од тежината на главата се предизвикува бавно задушување.

Всушност, најважното прашање е како вратовите на жените се истегнале до таква должина и дали тоа се должи на деформација на пршлените или на врските меѓу нив. Рендгенските снимки направени во лаборатории ја откриваат мистеријата околу жените-жирафи – тие дошле до заклучок дека градите надвиснуваат максимално поради сериозноста на украсите, што го прават вратот да изгледа необично долг.

- Реклама -