Физичарот Роберт Метјуз од Универзитетот во Бирмингем направил формула, што ја објаснува аголната брзина на ротација на смартфонот што паѓа од рацете на својот сопственик, соопштува Daily Mail.
При лизгањето телефонот започнува ротација околу еден од прстите на раката. Тежиштето на апаратот првично е лоцирано под оската на ротација. Ова доведува до појава на вртежен момент под дејството на силата на гравитацијата, како резултат на кој што телефонот го започнува своето движење и паѓа од рацете.
Во формулата во аголната брзина на движење на телефонот учествуваат четири параметри – должината на смартфонот L, забрзувањето на слободното паѓање g, почетниот агол на ротација θ и растојанието δ (помеѓу тежиштето на апаратот и оската на ротација).
Во усогласениот сооднос p = 2δ / L. Според Метјуз неговата формула може да објасни зошто смартфонот паѓа со екранот надолу. Научникот советувал да не се експериментира со телефоните, бидејќи тоа може да доведе до нивно оштетување.
Знаејќи ја висината на паѓање на телефонот со помош на формулата може да се оцени брзината, со која телефонот ќе падне на земјата. Истражувачот тврди дека веројатноста да се пробие екранот на смартфонот се намалува ако тој се држи во рака во реонот на центарот на гравитација. Тогаш телефонот при паѓање нема да се врти (односно нема да се преврти со екранот надолу) и нема да се пробие.