Руски научници докажаа дека молитвата е лек

Руски научници од универзитетот во Санкт Петерсбург материјално докажале дека чудесните лекувања поврзани со духовноста се вистинити и откриле многу телесни и душевни промени кои човек може да ги доживее во моментот на молитвата или за време на некој верски обред.

Научниците докажале дека верникот задлабочен во молитвата целосно ја исклучува мозочна кора, а тоа означува комплетна сигурност и отсуство на стрес.

molitva-pokayannya-proschennya-hristiyanska-molitva-pokayannya_927

Тие велат дека молитвата е лек против негативно размислување. Професорот и директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологија во Санкт Петерсбург, Валери Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и утврдил дека монахот кој се моли целосно ја исклучува мозочната кора што е забележано и кај децата до три месеци кои се сигурни и безбедни во близина на својата мајка.

Како луѓето растат, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се намалува единствено во текот на длабокиот сон и молитвата, а тоа добро влијае врз луѓето.

devojcica-se-moli-1448724722-73600
Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човечкиот организам, туку и ја обновува уништената структура на свеста – тврди Слезин.

Поголемиот дел од болестите се предизвикани од негативни ситуации и умствено потенцирани проблеми кои во текот на молитвата се повлекуваат или целосно исчезнуваат.Научниците докажале дека по одржување на мисите и други верски обреди се нормализира крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Наводно е докажано дека и звукот на црковното ѕвоно ги убива вирусите, а светата вода ги менува својствата на излекување зависно од степенот на верувањето на верникот што само е дополнување на теоријата за „меморија на водата“ дека водата всушност има способност да памети. Експерименти вршени во многу земји од светот покажале дека водата прима и ги бележи сите надворешни случувања. Памети се што се случило во просторијата која ја опкружува. Секоја материја која доаѓа во допир со водата, остава трага во неа.

- Реклама -