Автомобили управувани со мисла

Кинески инженери развија систем кој е во состојба да се потпре на мозочните сигнали и да пренесува команди кон автомобил, пишува британскиот Телеграф.

Засега технологијата може да го движи возилото напред, назад, да ги активира сопирачките, да гизаклучува и да отклучува вратите, без да е потребно физичка контрола. Научниците велат дека развојот на технологијата траела две години, а системот се состои од 16 сензори кои ги откриваат електроенцефалографски сигнали во мозокот на возачот и софтверот. Целта не е само да се создаде атрактивна врвна технологија, туку системот да овозможи полесно управување на возилата на парализирани или пак возрасни возачи со отежнати движења.


-Проектот има две појдовни точки. Едната е да се обезбеди метод за управување без користење на раце и нозе за инвалиди, кои не можат да се движат непречено. Втората – да се развие поинтелектуален „режим за управување за здрави луѓе”, вели Жанг Жао, раководител на проектот.

Контролата на возило со мисли при густ сообраќај изгледа опасна идеја, но истражувачите се категорични дека пренасочување на вниманието не би предизвикало инцидент. Мисловната концентрација е потребна само при промена на движењето на возилото – нешто што и онака правиме потсвесно. Според научниците крајната цел би можела да вклучува интеграција на оваа технологија во автономни автомобили.

Прочитајте и:  Гугл развива софтвер кој ќе ви го „преземе“ воланот доколку лошо возите


Првиот прототип на таква машина е изграден врз основа на моделот Great Wall Haval H9.

Автоплус

- Реклама -