Седум работи од рекламите што не се случуваат во животот

 

maxresdefault

Неколку работи што ги гледаме секојдневно во рекламите, а не обрнуваме внимание дека е сосема невозможно да ни се случат во реален живот.

Некој вади детергент за перење од под масата

Кога сте виделе човек кој во разговор со пријател едноставно вади огромен детергент за перење од под масата и го става горе? Ние никогаш. Никој не го направил тоа при секојдневна ситуација, а камоли на прием, свадба или  дипломирање. А и кого воопшто го интересира другиот со што си ја пере облеката?

Шампон што го оправа скршеното влакно

Оној момент во кој сликата покажува супер зум на анимирано влакно што е суво и искршено. Во моментот во кој посегнуваш по вистинскиот шампон сепак, косата магично станува мазна, рамна и гламурозна. Илјадници жени буквално веруваат дека расцветаните влакна на косата ќе се подобрат сами од себе со само едно миење.

Гасови и романтика

Маж и жена, мајка и ќерка, пријатели … Не е важно. Сите зборуваат супер ослободени за своите гасови и потечени стомаци, а спротивната страна секогаш реагира со емпатија, разбирање и моментално решение за страдањата против маките. Потоа се прегрнуваат, се бакнуваат и продолжуваат да си помагаат во неволја.

Тоалетна хартија и нежни чувства

Мораме да признаеме дека кога ќе слушнеме “тоалетна хартија” не замислуваме нежно девојче кое ја гали, вдишува, намотува околу раката … Не. Некако е несоодветно. Никој не гаи кревка чувствителност кон овој специфичен артефакт од човековото битисување на начинот прикажан во рекламите. На многу луѓе дури им е незгодно кога излегуваат со цели пакети тоалетна во рацете.

Среќни жени во циклус

Светски познат факт е дека најсоодветниот момент за носење на чисто бели и тесни секси панталони е почетокот на месечниот циклус кај жените. Или барем така изгледа, ако судиме по рекламите каде жените се посигурни и посреќни од било кога. Во реалноста сите избегнуваат бело и тесно на почетокот од циклусот, али тоа можеби е така затоа што не сме ги откриле вистинските влошки.

Садови, измијте ги со едно движење

Никој никогаш не измил мрсна тава од пржен помфрит или колбасици со едно движење, макар и небото да се отвори и од него за заблеска сјајот што ќе ни го спаси животот, повторно не е можно да не заглавиме пред мијалникот. Колку и да е напредна хемиската индустрија, секогаш е неопходен напор, непријатни миризби и користење сила за да се измијат садовите по едно сериозно и калорично јадење за цело семејство.

Супер будење по сабајле

Станувате, се истегнувате насмеани, едвај чекате да тргнете на работа, го отворате прозорецот облечени секогаш во свилени и секси пижами иако спиете сами, погледнувате во сонцето и пукате со оптимизам. Ако има некој таков нека се пријави да пиеме пиво да каже како му успева, зашто во најдобар случај само можеш да се разбудиш во седум.

- Реклама -