Еден од најпознатите француски современи филозофи и автор на повеќе книги и есеи, Меди Белаж Касем, утре во 19 часот ЕУ Инфо центарот ќе одржи предавање на тема „Филозофот наспроти актуелните светски случувања. Вовед во филозофијата на Злото“, за кое ќе има симултан превод. По настанот е предвидена дебата.
В четврток во 19:30 ч., во кафе-книжарницата „Магор“ ќе се одржи првиот француски филозофски кафе-клуб, организиран од Францускиот институт во Скопје, кој го носи насловот „Разговор со Меди Белаж Касем“.
Настанот има за цел да развие спонтана дискусија помеѓу присутните и овој исклучителен автор, а за вечерта е предвиден и консекутивен превод, соопштија од Францускиот институт во Скопје.