Секси домаќинката Ева Лонгорија го кажа судбоносното ДА на својот партнер Хосе Антонио Бастон.
Таа на својот Инстаграм профил објави слика како страсно се бакнува со Хосе, а на фотографијата се гледа и свршеничкиот прстен.
Имено, тој ја запросил за време на нивниот одмор во Дубаи каде клекнал со свршеникчиот прстен со рубин.
Лонгорија е во врска со Бастон уште од 2013 година, а тој е претседател на „Групо телевиса“, која претставува најголем медиумски конгломерат во земјите на шпанското говорно подрачје.
Ова е нејзина трета среќа, Ева за прв пат се омажила за Тајлер Кристофер, а подоцна беше во брак и со кошаркарот Тони Паркер.