Дали Американците навистинаа слетаа на месечината?
Вчера интернетот го сруши наводното последно интервју на режисерот Стенли Кјубрик, во кое тој пред 15 години, само три дена пред својата смрт признава дека со негова помош Америка го излажирала слетувањето на Месечината, во студио.
Иако овој заговор не е нешто ново и постои веќе со години, изјавата на Кјубрик повторно го отвори прашањето нудејќи силна видео исповед за голема измама врз целото човештво.
Во скандалозното видео Кјубрик зборува дека не можел да умре со грижата на совест, па затоа решил да раскаже, како тој, Владата на САД и НАСА го изрежирале слетувањето на Месечината.
„Не сме слетале. Сето тоа е лага. Ја измамивме светската јавност заедно со Владата на САД и НАСА , а јас го изрежирав слетувањето на Месечината.” – признава Кјубрик.
На прашањето, зошто дури по толку време решил да ја открие лагата, Кјубрик вели:
„Тоа беше едно мое ремек-дело, на кое не се гордеам. Не можев да умрам со таа грижа на совест. Сметам дека светот треба да знае дека е измамен” – рекол режисерот на смртната постела, обврзувајќи го режисерот Т.Патрик Мури ова признание да го објави 15 години подоцна.
По нтервјуто со демант излезе рускиот-космонаут Алексеј Леонов.
Космонаутот вели дека Американците навистина слетале на месечината, а само дел од кадрите биле снимени во студио.
„Тоа беше само за да можат гледачите да видат што се случува од почеток до крај. Реалните слики почнуваат откако Армстронг ја поврзува специјалната антена за транслација кон Земјата.” – вели Леонов.
Тој убедува дека тој и други специјалисти гледале онлајн како првите стапалки на американските астронаути згазнале на Месечината.