Со среќа

Често ни велат да ја побараме среќата, без да ни дадат насоки. Дали воопшто постојат такви?

Д-р Стефан Макри од Лондонскиот универзитетски колеџ смета дека среќните луѓе се одликуваат со две работи: прво, тие сфаќаат дека им се дала можност и, второ, тие ја прифаќаат и дејствуваат. Звучи едноставно. Досега сигурно сте испишале цела листа од пропуштени можности, па кога ќе се размисли и не е толку едноставно. Еве 5 начини кои ќе ви помогнат да ја привлечете среќата на своја страна:

dice_roll_img

1. Бидете магнет за можностите

Некои луѓе имаат повеќе можности, за разлика од други. Тоа е така, бидејќи тие се отворени за нови предлози и прават така што секој околу нив ќе биде свесен за тоа. Ако, на пример, сакате да добиете понуда за нова работа, како мислите дека е најдобро да го постигнете тоа?  Кажете му на секој што го знаете дека барате ново работно место. Така шансите да успеете се многу поголеми.

2. Отпуштете се

Кога луѓето се напнати во личниот и во професионалниот живот, тогаш мал е бројот на работи кои можат да одговорат на нивните барања. На овој начин ја губат можноста да имаат контакт до безброј можности. Ако ја оценувате ситуацијата како тесна и ограничена, опуштете се малку и дајте си слобода пред изборот. Дозволете и на случајноста да влезе во вашиот живот. Најдобрите можности и најпознатите извори на среќа често доаѓаат од неочекувани места и во неочекувано време. Бидете подготвени!

Clover --- Image by © Josh Westrich/Corbis

3. Бидете зборливи

Ако сте интроверт, ќе треба да направите напори за да бидете подобри во комуникацијата со другите луѓе. Колку покомуникативни сте, толку повеќе можности за развој и просперитет ќе се појават пред вас.

4. Бидете флексибилни

Сите ние правиме планови за живот. Сакаме да постигнеме одредени цели кон конкретни датуми. Сакаме да живееме на одредено место во даден период од животот. Плановите се одлично нешто, но на среќата не и е грижа какви планови имате вие. Затоа подгответе се и нешто да појде по лошо. Ако е така бидете флексибилни. Можеби среќата е некаде на друго место.

create-own-luck-2

5. Не се плашете од неуспесите

Кога ќе ви се даде нова можност, не се плашете да ја зграбите. Секогаш постои ризик да не успееме. Но, тоа не значи дека треба да стоиме на едно место, паразилизирани од стравот за неуспех. Ако се фокусирате на можноста и ги внесете целото свое искуство и вештини, ќе успеете. Дури и да не го направите тоа, едноставно ќе се кренете на нозе и ќе продолжете напред кон новата можност.

- Реклама -