Како да ја доживеете најлудата брачна ноќ?

Момци и девојки ајде да си признаеме… без разлика на пол, возраст и искуство, сите ние имаме трема пред првата брачна ноќ. Нормално е меѓусебно да сакате да се импресионирате, се претпоставува дека планирате само една брачна ноќ, нели? Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат таа да остане длабоко врежана во вашите спомени…

Избегнувајте го сексот непосредно пред свадбата

Знам дека звучи лудо ова што го предложуваат сексолозите, ама може да помогне. Зголемувањето на желбата и сексуалната тензија има навистина голема улога во успешноста на самиот чин на брачната ноќ. Сигурна сум дека барем толку можете да се воздржите!

Флертувајте еден со друг

За време на забавата, од почеток до крај, искористете го секој момент кога танцувате или кога сте блиску за да си шепнете нешто убаво или значајно да се погледнете. Мамете се еден со друг и не дозволувајте другиот да заборави што следи!

Не претерувајте со алкохолот и не останувајте гладни

Скоро и да нема младоженци кои ќе ви кажат дека на сопствената свадба биле трезни или пак најадени. Но ова е една од најголемите грешки. Комбинацијата на глад и алкохол нема да помогне во ништо друго освен да ви создаде мамурлук за памтење.

Изнајмете соба

Без разлика дали привремено сте сместени со родителите или штотуку го средувате вашиот нов дом, хотелска соба би била совршениот избор. Во непознат кревет, на неутрална територија чувствата знаат навистина да се разгорат. Освен тоа, барем следното утро овозможете си го тој луксуз да имате доручек во кревет и некој друг да средува по вас. Само немојте да заборавите да си понесете дополнителна облека… не би сакале да го облекувате костумот или невестинскиот фустан, нели?

Создадете атмосфера

Вистинското светло, вашата омилена музика и долниот веш кој го купивте посебно за оваа прилика се нешта кои ќе ве опуштат и ќе ви ја предизвикаат фантазијата. Стимулирајте ги сите сетила, нема да погрешите.

Помогнете и со фустанот

Овој совет е посветен на нашите сакани мажи. Најверојатно на својата свадба, вашата сакана ќе носи нешто кое ќе изгледа прекрасно но, само по себе ќе биде комплицирано. Не оставајте ја да се мачи со постави, патенти и многубројни копчиња…сигурно нема да ви пречи да и помогнете да се ослободи од сето тоа…

Потсетете се на најубавите моменти

Вашето запознавање, кокетните погледи, првите бакнежи, првиот викенд или првиот одмор заедно… потсетете се на најдобрите моменти, на сè она што направи лудо да се заљубите еден во друг.

Уживајте еден во друг

Никој не ве брза… оваа ноќ е само ваша. Ова е кулминацијата на вашето зближување. Од сега сте едно, нема повеќе несигурности, нема трема, нема воздржување…

За сите вас идни младенци… бидете среќни, бидете слободни еден со друг… сакајте се, остварувајте си ги сите желби, не заборавајте како се гледате и колку се сакате… нека ви е со среќа!

- Реклама -