Сведоштва за богомолите во МАНУ

„Сведоштва за богомолите“ е тема на изложбата што денеска ќе биде отворена во изложбениот салон на МАНУ, дел од проектот „Богомилското движење и богомилската книжевност“ реализиран помеѓу МАНУ и БАН.

087BB5F56F2DB64EAAC4007E783D951A

Изложбата е резултат од теренското истражување спроведено во октомври 2014 година во селата Богомила, Нежилово, Согле и Бистрица.

Богомолството се вбројува во редот на оние духовни појави кои со својот историско-културолошки статус и значење претставуваат релевантна придобивка не само за македонската, туку пошироко за балканската и воопшто за европската цивилизација и култура.

Целта на проектот е културолошко проследување на богомолството како универзална придобивка.

- Реклама -