Меркел сака драстично да го намали бројот на бегалци во Германија

Владата на Германија има намера значително да го намали бројот на бегалци кои пристигнуваат во Германија. Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел во етерот на телевизија ARD.

angela-merkel

„Ние ја забележуваме загриженоста кај луѓето од актуелната ситуација и имаме намера значително да го намалиме бројот на бегалци кои живеат во Германија”, рече Меркел.

Според неа, “потребно е да биде постигната заедничка европска одлука” во врска со проблемот со бегалците. За тоа неопходно е да се започне “со елиминација на причините за бегство на луѓето и обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ”, истакна германската канцеларка.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп
- Реклама -