Европската унија поднесе жалба против Грција, Италија и Хрватска поради некоректно регистрирање на пристигнување на мигранти.
Десетици илјади мигранти пристигнале во овие земји во последните неколку месеци, но помалку од половина од нив се регистрирани од страна на националните власти.
Според податоците на Европската комисија, Грција земала отпечатоци само од околу 121 илјади од речиси половина милион луѓе, кои пристигнале во земјата меѓу 20 јули и 30-ти ноември оваа година.
Комисијата ги предупреди трите држави за последиците уште пред два месеца, но во четвртокот рече дека тие не успеале да најдат ефикасно решение на проблемот.
ЕК изјави дека испратила официјални писма со предупредувања кон трите држави, прв официјален чекор од започнувањето на судењето.