“Д-р Хаус” е американски медицински серија која дебитираше во САД на 16 ноември 2004 година на телевизијата Фокс. Протагонистот на серијата е д-р Грегори Хаус (Хју Лори), неконвенционалeн медицински гениј, кој предводи тим од дијагностичари во измислена Универзитетска болница во Њу Џерси.
Генијалниот тим на серијата создаде лик кој не може да се заборави најмногу поради саркастичниот начин на кој зборуваше за реалноста. Еве дел од неговите најдобри мисли.
Ако му зборуваш на Господ си религиозен. Ако Господ ти зборува си ментално болен.
Ако победиш – ќе живееш. Ако изгубиш – умираш.
Мозокот е нешто прекрасно! Посакувам сите да имаа по еден!
Добро сум, само што не сум среќен!
Ако никој не те мрази, значи дека правиш нешто погрешно!
Добивам ли бонус поени ако се преправам дека ми е гајле?
Времето менува сè – така велат луѓето, но не е вистина. Кога правиш нешто, тоа ги менува работите. Ако не правиш ништо, ништо нема да се промени.
Вистината започнува со лаги.
Станавме лекари, за да лекуваме болести. Лекувањето на пациентите е она што ги прави повеќето лекари несреќни.
Целта на животот е не да ја елиминираме несреќата, туку да ја сведеме на минимум.
Сите лажат.
Секогаш ли си толку глуп или денес имаш посебен повод?
Тој сака фенси суштина, неспособна на реципроцитет. Исто како милиони други кои одат во црква.
Егоизмот сега ужива почит.
Посветеноста е начин да натерате некого да постапува така, како што сакате вие.