Лекции по иритирање 5

tips_iritiranjeСовет бр.100: Објавете на цел глас “Ура, добив e-mail !" секогаш кога ќе добиете нова порака. Погледнете уште 20-тина нови упатства во ова петто продолжение од серијалот „Лекции по иритирање на 365.com.mk“.

shaving

81. Врзувајте се со јаже за вашиот кревет известувајќи ги
останатите дека секој момент може да дојде „ГОЛЕМИОТ“
82. Прашувајте ги 0-500 операторите за нивното вистинско име и презиме
83. Изведувајте Tai Chi вежби на јавно место
84. Ждригнете, а потоа речете “Мммм, вкусно!“
85. Заклучете го WC-то на работа. Од надвор.
86. Дајте им до знаење на сите пријатели и колеги дека без проблем можете да
ставите 5 денари во десната ноздра.   

87. Излижете го филот од колачињата и повторно вратете ги во кутијата.
88. Бричете се во лифт.
89. Бричете се во диско.
90. Држете се за глава со двете
раце, притоа извикувајќи “ЗАМОЛЧЕТЕ СИТЕ ВИЕ, ЗАМОЛЧЕТЕ!!!"
91. Слушајте музика на двојно
поголема брзина, тврдејќи дека брзината е неопходна за вашите “супер ментални
моќи“
92. Молете се на маса како благодарност за храната. Во ресторан.
93. Косете ја тревата. Со фризерски ножици.
94. При паркирање со кола, внимавајте вашиот совозач да има што ПОМАЛКУ место
за излегување.
95. Ставете сол на мауспадот
на колегата.
96. Оставете подарок на бирото на некој од колегите по случаен избор.
97. Спуштете на телефон пред да ви кажат “Пријатно“
98. Одете бос низ канцеларија.
99. Раскажете многу долга приказна без поента.
100. Објавете на цел глас “Ура, добив e-mail !" секогаш кога ќе добиете нова
порака.

 

- Реклама -