Македонија започна да крева ограда на границата со Грција и кај граничниот премин “Меџитлија”.
Портпаролот на Армијата на Република Македонија, потполковникот Тони Јаневски изјави дека војската добила задача да става ограда онаму каде што е потребно.
Во врска со бегалците на Македонија и Србија денеска од ЕУ им беа одобрени дополнителни 13 милиони евра за справување со проблемот со бегалците.
Ова е второ ветување на ЕУ, со оглед на фактот што претходно беа ветени 31 милиони евра за двете страни, но како што тврди претседателот Ѓорге Иванов досега пристигнале само 90 000 евра помош од италијанскиот Црвен крст.