Поп пејачот Дарио Панковски го промовираше својот нов синл „Не ми е страв“ со кој го најавува својот нов албум „Ако силно посакам“.
Дарио неодамна изјави дека има доста планови кои треба да ги анализира до крајот на оваа година, а резултатите веќе ги гледаме.
За песната е снимен и спот во продукција на “Фабрика” , кој може да се погледне на Фејсбук фан страницата на Дарио Панковски, на Јутјуб и на домашните ТВ-станици.
Тој за оваа песна вели дека е типично балкасна весела песна, и стилски поразлична од претходниот сингл „Има еден град“.