Роди ме мајко харизматичен, па ќе се снајдам

Истражувачите ја имаат разгледувано способноста на луѓето брзо да одговорат на квиз прашања, а потоа прашале други да ја оценат нивната харизма.
Се покажало дека брзата реакција ги прави луѓето похаризматични во очите на околните отколку високото ниво на интелигенција или аналитичките способности.

charisma41-crop-600x338

Статијата со резултатите од истражувањето спроведено од научници од Австралија и Холандија е објавена во списанието Psychological Science.

Набљудувајќи популарни музичари, харизматични лидери и други јавни личности, научниците се обиделе да ги разјаснат заедничките карактеристики што публиката ги сака. Според истражувачите првото што создава позтивен впечаток е тоа што сите тие се доволно духовити и внимателни.

President Barack Obama smiles as he meets Pope Francis at the Vatican Thursday, March 27, 2014. President Barack Obama called himself a "great admirer" of Pope Francis as he sat down at the Vatican Thursday with the pontiff he considers a kindred spirit on issues of economic inequality. Their historic first meeting comes as Obama's administration and the church remain deeply split on issues of abortion and contraception. (AP Photo/Gabriel Bouys, Pool)

За да докажат колку се важни овие квалитети за создавање на харизма, научниците испитувале 417 лица. За проценка на психолошките параметри сите тие поминале тест за проценка на нивото на интелигенција и на карактеристиките на личноста. За да се оцени квантитативно харизмата на учесниците, научниците прашале нивните пријатели да одбележат колку тие се “харизматични”, “смешни” или “внимателни”.

За мерење на психолошката брзина која истражувачите ја сметаат за главен параметар, им поставиле 30 прашањa за добро познати факти. Исто така им биле понудени графички задачи во кои тие требало да најдат точка или зададен образец што е можно побрзо.

090319_charisma

Резултатите ја потврдиле хипотезата на научниците и покажале дека најубедлива корелација со харизмата дава брзината на одговорите на прашањата и тестовите. Се покажало дека често знаењето на точниот одговор на прашањето не е толку важно колку што е вештината да се дадат што повеќе одговори за кратко време.

Научниците сметаат дека брзата реакција помага полесно да се маскира незнаењето или да се измисли шега во чекор.

- Реклама -