Кандидатот за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп се закани дека ќе се кандидира како независен кандидат, ако членовите на Републиканската партија не почнат да му оддаваат повеќе почит, пренесе CNN.
По само еден ден од масовните критики кои дојдоа од луѓе како Дик Чејни, Мит Ромни ,Пол Рајан и практично секој кандидат за номинација на републиканците – без да се споменуваат демократите и градоначалниците на Филаделфија и Лондон – Трамп дефинитивно инсистира на својот предлог да се забрани влез за муслиманите во САД.
Покрај тоа, тој истакна дека 68% од неговите поддржувачи ќе се откажат од Републиканската партија и ќе гласаат за него ако тој започне независна кампања за претседател.
“Ако тие не пројавуваат кон мене должна почит, ако не се однесуваат кон мене како кон фаворит, ако условите не се еднакви за сите, тогаш сè е можно. Но јас не би сакал да го направам тоа “, рече Трамп.