Пред само неколку дена холивудските ѕвезди Мелани Грифит и Антонио Бандерас официјално се разведоа. Тие беа во брак цели 18 години.
Во јули оваа година поранешната двојка постигна договор за прашањата за финансии и за имотот.
Мелани Грифит ќе добива месечна алиментација во износ од 65 000 долари, а исто така ќе ја задржи семејната куќа во Аспен, Колорадо.
Актерката заедно со поранешниот сопруг ги подели средствата од продажбата на зградата во Лос Анџелес, за што добија речиси 16 милиони долари.
Мелани Грифит и Антонио Бандерас имаат 19 годишна ќерка, Стела.