На поетска вечер под наслов „Поезија и вино“, на 10 декември во 20 часот, триесетина автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија, со свои стихови ќе му оддадат почит на големиот македонски поет Гане Тодоровски.
На боемската вечер, што ќе се одржи во посебна атмосфера во ресторанот „Јоле“, повеќемина актери, сликари, музичари, новинари и писатели ќе евоцираат спомени за Гане Тодоровски.
Средбата ќе ја овори Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.
„Поезија и вино“ се одржува во рамките на традиционалната манифестација „Ганеви денови“ на која ДПМ учествува со својот поетски караван.