Винстон Черчил и неговиот кројач на кој никогаш му нема платено

Во 1937-та, најпознатиот британски воен премиер на својот кројач му должел 197 фунти (денешни 18.000 долари). Кога кројачот Хенри Пул, кој имал дуќан на прочуената лондонска улица Севил Роу, го замолил Черчил да го подмири својот долг, Винстон се навредил, одбил да плати и веќе не стапнал во Пуловиот дуќан.

Savile_Row-_Tailoring_at_Henry_Poole_and_Co.,_London,_England,_UK,_1944_D21863И покрај долгот, лондонскиот кројач продолжил да шие одела за премиерот, барем така заклучува Џејмс Шервуд – историчарот кој ја проучува архивата на Пуловиот кројачки салон. Черчил, од друга страна, сметал дека со самиот избор на Хенри Пул како свој кројач му прави огромна услуга и никогаш не се оптоварувал со тоа дали и колку пари губи кројачот. Никогаш не му ја простил „навредата“.

Черчил не е единствениот таков вообразеник во историјата, дури и кога зборуваме за британската. Истото го правел и синот на Чарлс Дикенс, со тоа што славниот англиски писател сепак на крајот ја подмирил сметката. Слична е и приказната со кралот Едвард VII, тогаш принц од Велс, кој во текот на 1870-тите примил прилично голема сметка од Хенри Пул. Како и Черчил, тотално го изигнорирал барањето и престанал да оди во Пуловата кројачница, а го подмирил долгот дури 20 години подоцна кога конечно стигнал до британскиот трон.

2F032ECE00000578-3344198-image-a-12_1449144199631[1]

Меѓу прочуените неплаќачи биле и авторот на „Дракула“ – Брем Стокер, прускиот премиер, принцот Ото фон Бизмарк, американскиот банкар Џ.П. Морган и етиопискиот цар Хајле Селасије, чиј кројач пешачел до Адис Абеба за да го услужи.

Сé на се, кога Хенри Пул починал, неговите богати и угледни клиенти му должеле огромни суми пари, а фирмата била оставена во прилично лоша финансиска ситуација. Во едно од своите писма, Хенри Пул пишува: „Работев за принцови и бројни муштерии, а ќе умрам како сиромав“.

- Реклама -