На светот му требаат повеќе луѓе како Шкрели

Сигурно го паметите ова лице – да, тој е морално банкротираниот социопат што го поскапе лекот за СИДА-та за цели 5.000 проценти.

martin-shkreli[1]Во четвртокот, тој зборуваше на Здравствениот самит на Форбс, каде што ја бранеше одлуката да ја зголеми цената на лекот Daraprim на 750 долари од пилула (претходно, лекот чинеше 13.5 долари од пилула, цели 62 години). Ако очекувавте дека Шкрели се извинувал, се лажете „до јаја“. Не, напротив, тој изјави дека згрешил и дека не не го поскапел лекот доволно! Неговиот аргумент: тој сноси одговорност пред акционерите, а не пред пациентите.

„Ќе го максимизирам профитот“, рече Шкрели. „Тоа е она што луѓето (во здравството) се плашат да го речат.“

На прашањето како, кога би можел, би ги променил последните 3 месеци, во кои беше глобално критикуван, навредуван и омразен, Шкрели рече дека би ја качил цената уште повеќе. „Тоа ми е работа“.

Нема да навлегуваме дали едноставно му е неважно што мислат луѓето или е чист социопат (зар не е очигледно?), но Шкрели се смета себе си за говорник на вистината, човек што ги кажува нештата што никој друг не е доволно храбар да ги каже. На некој начин, во право е. Осигурувањата, производителите на лекови и приватните болници остваруваат огромни годишни профити, а секоја одлука ја маскираат како добра за пациентите. Шкрели, со тоа што е брутално искрен, е исклучок од тоа правило. Колку и да се шокантни неговите изјави, тие се основани.

шкрели

Се разбира, тоа не го прави морален човек. Но, сепак, Мартин Шкрели му е потребен на светот, пред сé од аспект на одбранбена алатка од другите како него – оние кои наоѓаат начини да го изиграат системот и да ги претворат луѓето во извори на профит.

А реално гледано, Шкрели е само капка во морето. Има многу други како него. Питер Бач, онколог, кој зборуваше на сцената пред на неа да стапне Шкрели, рече дека постои многу мал притисок врз фармацевтските компании кон поефтинување на нивните лекови. Така, само 10.000 пациенти годишно го користат лекот Daraprim. Факт е дека постојат многу поголеми компании од неговата Turing Pharmaceuticals, кои исто така постапуваат крајно нечовечки, но не се изложени на критика од ист степен.

Од друга страна, одлуката на Шкрели не го засега мнозинството, но неговата отвореност кон јавноста изнесува на виделина мошне важен симптом на многу поважен проблем. Истиот тој Шкрели мобилизира многу визионери кои се трудат да го направат светот подобар.

Така, во минатомесечниот буџет на САД беше воведена значителна провизија, со цел да се забави произволниот раст на цените на лековите. Претседателските кандидати Берни Сандерс и Хилари Клинтон, пак, не престануваат да зборуваат за потребата да се реформираат цените на лековите, а истапуваат и многу други политичари.

Шкрели додаде и дека и покрај критицизмот, тој не отстапува од ставовите и функцијата. „Негативната популарност ниту ронка не и наштети на мојата компанија“, рече тој. Тоа се добри вести. Најлошата опција за Америка, но и за човештвото, би била кога Шкрели и таквите како него би продолжиле да постојат,  но би биле замолчени. Вака, додека тој бесрамно ја провоцира јавноста, паралелно провоцира и неизбежно соочување со некои прилично незгодни проблеми. А соочувањето со проблемите е првиот чекор кон нивно решавање.

- Реклама -