Јапонци измислија идеален смартфон за родители со мали деца

На дете му паѓа паметниот телефон во чинијата со храна. Мајка му мирно го вади и го мие со сапун над мијалникот.

digno

Изгледа како сон на родителите со мали деца, зависници од технологијата, но во Јапонија веќе е можно. Уредот Digno rafre е дело на јапонската компанија Kyocera. Паметниот телефон не само што е водоотпорен, туку може да издржи 700 циклуси на миење со сапун под млаз вода, според експериментите на тимот.

Сепак, паметниот телефон не можете да го миете со било каков течен сапун, туку само со посебни видови, а освен тоа смартфонот ќе се продава само на јапонскиот пазар. Компанијата најави дека неговата цена ќе изнесува 175 долари.

- Реклама -