Ахмет Давутоглу ги нарече руските обвинувања “советска пропаганда”

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу руските обвинувања дека Турција купува нафта од “Исламска држава” ги нарече “пропаганда во советски стил”.

Тој додаде дека членката на НАТО се труди да ја заштити својата граница со Сирија.

Министерството за одбрана на Русија во средата изјави дека има докази дека турскиот претседател Тајип Ердоган и неговата фамилија вршат незаконски шверц на нафта од “Исламската држава” на територијата на Сирија и Ирак.

propaganda

„Во периодот на Студената војна имало машина за советска пропаганда. Секој ден се создавале различни лаги “, рече Давутоглу.

„Ова е една стара традиција, но таа одеднаш повторно се разгори. Никој не дава никаква вредност за лагите на оваа машина што шири пропаганда во советски стил “, додаде турскиот премиер на прес-конференција пред крајот на неговата официјална посета на Азербејџан.

- Реклама -