Рецепт за колачиња како лижавчиња

Бомбиците се омилени колачиња затоа што брзо се подготвуваат, а не се ниту скапи. Со малку труд и нашите рецепти за глазура, вашите бомбици ќе изгледаат свечено и луксузно.

Глазура од бело или црно чоколадо

Состојки: 300 г. чоколадо за готвење, 200 мл. блага павлака, малку сол
Подготовка: Искршете го чоколадото на коцки и топете го на пареа. Полека мешајте додека чоколадото целосно не се растопи, а на крајот додадете сол. Загрејте ја благата павлака додека да почне да врие и додајте ја во стопеното чоколадо. Тргнете ја смесата од оган и продолжете со мешање додека не стане топла, но не и врела.

Посветла чоколадна глазура

Состојки: 125 г. маргарин, една лажица зејтин, 250г. чоколадо за готвење
Подготовка: Маргаринот ставете го во сад и топете го на тивок оган. Кога од површината ќе исчезнат меурчињата, тргнете го маргаринот од оган, додајте го зејтинот и оставете го да стои две-три минути. Во друг сад искршете го чоколадото и во него по малку додавајте го маргаринот мешајќи со маталка за јајца.

Глазура од шеќер

Состојки: 200г. шеќер во прав, 5 лажици сок од лимон
Подготовка: Во шеќерот ставете го сокот од лимон и матете со миксер, прво побавно, а потоа со најголема брзина околу 10 минути. Ова е основната бела глазура со која може да направите шари. Ставете ја глазурата во ќеса за замрзнување, направете дупче на едниот агол од кое ќе излегува глазурата.

Глазура од белки

Состојки: 1 белка од јајце, зрно сол, 250г. шеќер во прав, лажица сок од лимон
Подготовка: Шеќерот во прав рачно измешајте го со белката и лимоновиот сок во еднолична смеса. Глазурата може да ја обоите по желба. Ако сакате глазура во боја или со поинаков вкус, на крајот на матењето, кога смесата ќе стане сјајна, додајте неколку капки малини, рум, јагода или прехранбена боја.

- Реклама -