Кој сака да се кара? Никој од нас намерно не навлегува во конфликт, особено не со нашите сакани. Караниците се најчесто многу некажани работи собрани наеднаш или пак, стрес насобран од надворешни фактори. Еве ги петте трикови кои можат да направат караниците магично да исчезнат уште пред да започнат…
1. Ставете се на местото на вашиот партнер
Не залудно велат: „Паричката има две страни“. Секој човек кога има проблем мисли дека него му е најтешко но, обидете се работите да ги видите од перспективата на вашиот партнер. Можеби и тој има право за нешто што го мачи а вие го предизвикувате. Никој не е совршен, па ни вие!
2. Бројте не до 10, туку до 50!
Зошто воопшто да кажете нешто што знаете дека вашиот партнер ќе го допре точно во тој нерв што ќе предизвика караница? Никој не премолчува добра провокација… ако едниот напаѓа, логично е другиот да се брани.
3. „Мерете“ си ги зборовите
Збровите се чудна работа… некогаш спасуваат светови, а некогаш почнуваат војни. Добрите зборови ве воздигнуваат за момент но, лошите ве прават огорчени за цел живот и никогаш не се забораваат. Сите знаеме да кажеме нешто што знае да здоболи „до коска“ ама дали знаеме како потоа да направиме нашиот сакан тоа да го заборави?
4. Прво обидете се да го решите проблемот самостојно
Тоа што сте во заедница со вашиот сакан не значи дека треба меѓусебно да се преоптоварувате и со најмалите проблеми. Вие сè уште сте самостојна личност, однесувајте се како такви! Доколку не можете сами да најдете решение, побарајте помош. Понекогаш, поставувањето на секоја ситница како страшна потешкотија може да го исцрпи трпението на вашиот партнер.
5. Најдете го вистинското време
Можеби звучи смешно, меѓутоа и за караниците има погодни и непогодни времиња од денот. Избегнувајте да дискутирате на чувствителни теми наутро, непосредно пред оброк или пред спиење. Зарем вие сакате или воопшто можете да дискутирате за важните нешта во животот кога сте гладни или преморени? Така се раѓаат непотребните караници.
Без разлика дали немате време да се видите, дали шефот ве изнервирал или децата избегале од час, на секој проблем треба да му се пристапи смирено. Многу од караниците се непотребни и може да се избегнат. Потрудете се, тоа ништо не ве чини!