Повеќемина се повредени, а еден мигрант го загуби животот на македонско-грчката граница.
Мигрантот доаѓал од Мароко, а животот го загубил откако го допрел кабелот со висок напот стоекќи над воз.
Група Мароканци носејќи го телото на починатиот сограѓанин извикуваа „Алах е голем“.
Немирите почнаа откако македонските власти започнаа да ги пуштаат само бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан и да ги враќаат економските мигранти од другите земји.
Ваквата поделеност утрово предизвика и масовна тепачка меѓу мигрантите и бегалците.