Сандра Булок посвои девојче

Оскаровката Сандра Булок јавно изјави дека посвои уште едно дете, девојче од три и пол години. 

Славната глумица ја претстави својата ќерка Лејла, сликајќи се со неа и синот Луис за насловната страница на магазинот „People“.

Screenshot_3

Гласините за посвојување на дете можеа да се слушнат уште пред неколку недели, но Булок ги демантираше гласините изјавувајќи дека во нејзината куќа постои само едно посвоено дете по име Луис.

Малата Лејла живеела во хранителско семејство во Луизијана, пред Сандра Булок да ја посвои.

 

 

- Реклама -