Проблемот со великодушноста на милијардерите

Милијардери ќе нè спасат. Додека светските лидери разговараат во Париз поради емисиите на јаглерод, Бил Гејтс и Марк Закерберг најавија амбициозна програма за борба против климатските промени. Потоа Закерберг и неговата сопруга Присила рекоа дека ќе ги донираат речиси сите свои пари за добротворни цели.

Овие прекрасни акти на великодушност провоцираат две неизбежни реакции: 1) Браво! и 2) Чекај, зарем тие се навистина толку великодушни?

images

Една од причините, поради кои богатите филантропи основаат фондации и добротворни фондови, е желбата да создадат институции кои ќе ги надживеат. Во последно време, сепак се забележува модата за трошење на сите пари за ограничен временски период, наместо за создавање на ваков тип институции. Ова обично се случува преку основање на друштва со ограничена одговорност, кои дозволуваат парите да се користат и за инвестиции.

Иницијативата на Закерберг и неговата жена е токму од овој тип и овозможува враќање на дел од инвестицијата, што значи дека можеби двајцата не се подготвени да инвестираат 99% од своето богатство, туку помалку. Но, дури тоа да е така, тоа повторно се ужасно многу пари.

zuckerberg_money_shower_620810413

Дарежливите филантропи

Додека ја цениме великодушноста на софтверските милијардери кои бранат со парите добри каузи, всушност тоа го нагласува и проблемот на еден свет во кој владеат индивидуи со комбинација на вештини и среќа, здобивајќи се со финансиски ресурси поголем од оној на повеќето мали држави . Токму за тоа ќе разговараме.

Великодушноста на Закерберг е неограничен чин на еден човек, способен да го моделира светот. Претседателот Барак Обама може да наиде на пречка од Конгресот. Папата Фрањо има индиректно влијание, а не директна власт. Бил Гејтс и Марк Закерберг немаат такви грижи.

Со донирање на пари по раѓањето на неговата ќерка, Закерберг се вклопува како позитивен лик во слика, чие платно е целиот свет.

Природно е ние, останатите кои не можеме да му кажеме како да ги троши милијардите, да се почувствуваме малку запоставени.

Инспириран од теоријата на Шон Паркер во Wall Street Journal за “хакерска филантропија”, Мајкл Масинг ги опиша проблемите на филозофијата, која повикува на “хакирање” на светските проблеми преку употреба на пари наместо код. Масинг е со право сардоничен кон напорите на Бил Гејтс во сферата на образованието. Благодарение на приодот ориентиран кон резултатите, но со малку внимание на деталите, Фондацијата на Бил Гејтс ги засили најштетните инстинкти на движењето за училишна реформа.

images (1)

Филантропијата на милијардерите

Проблемот не е во најдобрите намери, туку во верувањето дека фрлањето на пари од страна на еден човек може да го реши секој проблем исто толку лесно како што некогаш Windows ја уништи конкуренцијата. Од друга страна, напорите на фондацијата во областа на здравството и истражувањето имаат значително поголем успех. Програмите на Гејтс во Африка помогнале за намалување на морбидитетот од морбили со 90 проценти за последните 15 години. Во областите во кои веќе има постоечка инфраструктура, на пример медицината, нели со пари може да се помогне на проекти и организации за побрза и поефикасна работа.

Во областите во кои нема толку добра база, како образованието,  генералната промена на постоечките начини на работа, едноставно нема да биде корисна.

Со други зборови, филантропијата и парите работат најдобро кога имаат олеснителна улога, а не примарна. Милијардерите кои се обидуваат да дејствуваат на вториот начин, можат да се претворат во диктатори – идеја која не е толку пријатна.

Многумина ги обвинуваат Гејтс и Закерберг дека не се борат да ја менуваат распределбата на финансиските ресурси во светот. Ова исто така е точно. Тие не се подготвени да се залагаат за такви работи, а апсурдно е и да очекуваме од нив нешто такво.

1283957192_9ff7be2ca4

Наместо тоа, тие се претвораат во жртвени јарци за нашите сопствени неуспеси. Додека Закерберг и Гејтс имаат големо влијание благодарение на парите, расте недостатокот на политичката волја на владите да се занимаваат со најитните проблеми.

Не смееме да и дозволиме на великодушноста на Гејтс и Закерберг да надомести за недостатокот на способност самите да се справуваме со проблемите. Недостатоците на двајцата се исти како кај сите луѓе. Вистинските проблеми во светот ни се структурни.

- Реклама -