Mazda Motor Corporation објави дека целосно новата генерација на Mazda Roadster (Mazda MX-5 на меѓународните пазари за брендот ) е избрана за победник на годинашниов избор за Автомобил на годината 2015/2016 на JAHFA (Japan Automotive Hall of Fame).
Од Mazda коментираат дека наградата е доделена на Roadster моделот врз основа на високата оценка на жирито во однос на дизајнот и модерните технолошки решенија, обединети во семејството SKYACTIV со кои се одликува новата генерација на легендарниот автомобил. Како други сериозни предности на моделот, организаторите на конкурсот ги посочиле однесувањето на патот и горивата економичност.
„Нашиот Roadster го покажа сето тоа што е важно за нас во однос на филозофијата за производство на автомобили и сме воодушевени што го добивме ова признание“, коментира Масамичи Когаи, претседател и извршен директор на Mazda. „Mazda ќе продолжи да произведува автомобили кои се идентични со приказни од животот на луѓето“.