Изложба на дела „Од колекциите на Скопје“

Вечерва, (вторник, 1 декември), во Музеј на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Од колекциите на Скопје“…

Ќе бидат изложени уметнички слики изработени во повеќе техники, скулптури, графики и цртежи на автори кои живееле и твореле во Македонија.

Станува збор за 142 дела кои потекнуваат од уметничките збирки сопственост на Град Скопје, скопските јавни претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, на Конгресен центар „Александар Македонски“, Културно информативен центар, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Дом на културата „Кочо Рацин“ и Музеј на град Скопје.

od_kolekciite_na_sk

Поголемиот дел од сликите од изложбата припаѓаат на автори кои се основоположници на македонската современа уметност, како и автори припадници на постарата генерација на ликовни уметници од Македонија, а следствено на тоа нивните дела поседуваат и историска и уметничка вредност. Еден од основните мотиви за организирање на ваква комплексна и хетерогена поставка е токму идејата да се претстават пред македонската јавност, вредните уметнички дела кои секојдневно можат да се видат во работните простории на Градот Скопје, јавните претпријатија, но и во работните простории и депоата на културните установи на Градот Скопје.

Прочитајте и:  „Човек муза“ - едукативната изложба за можностите на вештачката интелигенција

Селекцијата на делата е направена од работна група формирана од градоначалникот на Град Скопје.

Изложбата ќе биде поставена до 15 декември, а за неа е отпечатен и репрезентативен каталог.

- Реклама -