Гаси сијаличките, ми паѓа нетот

Новогодишните светилки можат да ја забават брзината на безжичниот интернет. За ова предупредуваат од Ofcom.

Компанијата објави апликација за проверка на квалитетот на Wi-Fi дома, соопшти BBC. Апликацијата работи на принципот на проверка на безжичните сигнали, а целта е да се разбере дали податоците поминуваат без проблем меѓу рутерите и уредите. Кога ќе се утврди проблем, апликацијата дава предлози истиот тоа да се надмине.

Според истражувањето на Ofcom, безжичните интернет мрежи во 6 милиони домаќинства и канцеларии не работат толку брзо како што треба. Најчестите причини за проблеми со Wi-Fi конекцијата се други електронски уреди, вклучувајќи ги микробрановите печки, бејбифоните, како и новогодишните сијалички.

li-christmas-tree

- Реклама -