Што сè кријат жените во вагините?

Оружје, сирово пилешко и бонгови се само дел од чудните работи што жени се обиделе да ги сокријат во својата вагина.

stvari-koje-zene-skrivaju-u-vaginama-body-image-1448886090-size_1000

Дваесет годишната Далас Арчер била уапсена минатата недела затоа што полицијата пронашла мини револвер во нејзината вагина. Револверот бил украден во 2103 година од еден автомобил, а Арчер поради тоа сега ќе отслужи тригодишна казна затвор.

Ова нормално не е прв пат жените да се обидуваат да сокријат нешто во вагината. Како што секој фан на чудните вести од светот знае, многу предмети се нашле во длабочината на женските гениталии.

Уметничка дозвола

Уметниците често  сокриваат предмети во интимните делови, а еден од првите примери е перформансот на уметницата Карол Шниман од 1975 година, кога пред публиката вади мало писменце од вагината и започнува да чита поезија од него.

Пред овој перформанс, австралиската уметница Кејси Џенкинс 28 дена плетела шал од волница која ја извлекувала од сопствената вагина. (Подоцна негативните коментари кои што ги доби ги обои со својата менструална крв).

Најнеобичен трик до сега забележан, изведе Виона, руски шокантен уметнички колектив кој подоцна ги инспирираше Pussy Riots. Една од девојките влетала во супермаркет и земала замрзнато пиле и го втурнала во вагината, за подоцна да го „роди“ истото тоа пиле на тротоар пред маркетот.

stvari-koje-zene-skrivaju-u-vaginama-body-image-1448886243-size_1000

Заклучен и наполнет

Арчер не е единствената луда Американка која се обидела да сокрие оружје во вагината. Пред два месеци, полицијата во градот Веко во Тексас пронајде наполнет пиштол во вагината на триесетгодишната Ешли Кастанеда. Осудена е и поради поседување на мет, иако дрогата не ја сокрила никаде во близина на гениталиите.

Кристи Харис во 2013 година се обидете да сокрие наполнет пиштол во вагината кога полицијата ја сопрела на паркинг во Оклахома. За време на претресот, полицијата пронашла „дрвен и метален предмет кој ѕиркал од нејзината вагина“. Тужителот Крис Рис кој работел на случајот изјавил: „Многу опасно место за чување на оружје. Кога би пукнало, би пукнало само во една насока“.

Најчудниот забележан случај е поврзан со поранешната жена на писателот на романот „Нема земја за странци“ Кормак Макарти уапсена во 2014 година во расправија со тогашниот дечко. На основа на изјавата која ја доби магазинот The Smoking Gun, Џенифер Макарти се расправала со партнерот околу вонземјаните пред да ја напушти куќата. Ја пресоблекла долната облека и ставила сребрен пиштол во вагината. Тогаш, како што пишува, започнала секс со пиштолот и го прашала дечко и: „Кој е луд, ти или јас?“ Таа подоцна рече дека овој инцидент никогаш не се случил.

stvari-koje-zene-skrivaju-u-vaginama-body-image-1448886560-size_1000

Наука

Туркањето на објекти во вагинатаможе да доведе до многу грозен ефект познат лап вагинитис предизвикан од непознати тела. Симптомите се чешање и болка. Ова не е состојба својствена само за возрасните жени = во издание на магазинот Pediatric Emergency Care од 2007 година, докторите опишуваат случај на четиригодишно девојче кое турнало кукла доле. Слични случаи се регистрирани кај мали девојчиња кои сакале да сокријат боички, моливи и гуми. Доктор Џозеф А. Хеп и Вилсон К. Еверхартсе обиделе да го објаснат овој феномен во студија од 1950 година: „Очигледно е дека децата биле инспирирани од истата љубопитност поради која истите предмети ги ставаат во уши или нос“.

cocaine_2362725b

Криумчарење дрога

Многу возразни жени се малку помалце невини кога вагинаа се користи како штекер. Додека голем број жени што го користат телото за криумчарење дрога за тоа го употребуваат стомакот, има и примери кои се обиделе да сокријат во вагината.

Постои случај кога девојка од Хрватска се обиде да сокрие 30 пилули екстази во вагината за музички фестивал. Жена од Велика Британија во 2013 година беше уапсена кога се обиде да прошверцува 850 г. кокаин вреден околу 100 илјади долари во вагината. Една баба се обиде да прошверцува пилули за смирување и неколку вреќи кокаин и хероин заедно со 20 долари за внукот кој бил во затвор. Сето тоа го сокрила во киндер јајца и го втурнала во вагината.

Полицајците во вагините пронашле сè – од бонгови, 17 грама мет, до поткожни игли. Но, сите овие случаи не се ништо во споредба со една неверојатна жена од Пенсилванија. Дваесет и седум годишната Карин во 2011 година била сопрена за рутинска проверка од страна на полицијата. Во нејзината вагина биле пронајдени 54 вреќички хероин, 31 празна ќеса и осум пилули.

- Реклама -