Домашни трикови за чистење и заштита од мрзнење на шофершајбната

sofersajbna[1]

Ако некој не ја сака зимата и снегот, тоа се возачите, особено оние кои во раните утрински часови мораат да го одмрзнуваат ветробранското стакло и да го чистат од снег.

Ако досега ја гребевте шофершајбната или ја полевавте со топла вода, не мора веќе тоа да го правите. Постои поедноставен трик за да се ослободите од ледот, а не зборуваме за некои скапи спрејови.

Сé што ви треба е кујнска сол, вода и стар пешкир, кој ќе го натопите во смесата и ќе постелете преку ветробранското стакло преку ноќ.

Од друга страна, наутро можете само да помешате сол и вода и да ја ставите течноста во распрскувач, така нанесувајќи ја на стаклото.

Друга варијанта е смеса од три капачиња оцет и едно капаче вода. Исто така се нанесува со распрскувач, превентивно, пред утрото.

- Реклама -